Охриѓаните Славчо Влавчески и Антонио Стојкоски се топ тема во холандските весници и телевизии откако ги фасцинираа холанѓаните со одличното познавање и играње на “малиот фудбал“.


Двацата охриѓани кои биле во посета на своите пријатели биле поканети да одиграат натпревар на турнирот во близина на главниот град на Холандија.

Екипата на Влавчески и Стојкоски победила, а тие ја зачиниле со голови во противничката мрежа, по што заинтересираноста на холандските весници за интервју со охриѓаните била голема.


Охриѓани топ тема во Холандија откако ги фасцинираа во футсал

Ohridnews