И оваа година голем број верници ја посетија малата црква на брегот на Охридското Езеро во Лагадин, каде денеска традиционално беше одбележан празникот посветен на маченичките Љубов, Вера и Надеж и нивната мајка Софија. Црквичката во Лагадин пред 17 години ја изгради охриѓанецот Љупчо Патче по повод 2000 години од Христијанството.
По повод празникот се одржа богослужба на која беше осветена вода и празнична погача, а верниците кои ги носат имињата на маченичките ги почестија присутните за именденот.
Како и секоја година ктиторот на црквата во Лагадин собраните средства од празникот ги донира во хуманитарни цели.
Во Лагадин одбележан празникот Софија, Љубов, Вера и Надеж
OhridNews


.jpg)



.jpg)












