Висока и убедлива победа на Охрид на воведниот натпревар од новиот шампионат во футсал. Охриѓани комплетно го надиграа новајлијата во друштвото Алгомак од Свети Николе со 7-2.


Гостите пружија солиден отпор во првиот дел кој заврши со 2-1, потоа им
тргна на “сините“ кои до врв ја наполнија гостинската мрежа. Матески
четири пати се запиша во листата на стрелци, два пати погоди
Георгиевски, и еднаш Струмоски.


Во наредното коло Охрид му гостува на Велес.

М.П.