Голем број охриѓани вчера ја исполнија салата во Центарот за култура „Григор Прличев“ и беа дел од хуманитарниот концерт во организација на еден од шесте тимови на млади на ПХВ-ЦКА (Промоција на хумани вредности-Црвен крст во акција). Сплотени како еден, младите волонтери на Црвен крст Охрид, талентирани пеачи, музичари, танчери, актери, заедно со публиката пулсираа во ритамот на хуманоста и младоста со една иста цел да се соберат седства за помош на семејство на самохрана мајка со две деца од Охрид.
Црвен крст Охрид изразува благодарност до сите учесници на овој настан кои придонесоа да се подобри животот на нашите сограѓани.
OhridNews




















