Охриѓани ја исполнија малата сала во Центарот за култура, каде синоќа Народниот театар од Охрид ја изведе претставата „Ај да си речиме уште една“.
Претставата имаше хуманитарен предзнак, а средствата собрани од продажбата на влезници ќе бидат наменети за помош на ранливи категории граѓани преку проекти кои ги реализира лајанс клубот „Лихнидос“ од Охрид.