Во организиција на клубовите од Охрид “Мастер“ и HWA RANG ITF десетина деца на возраст од 10 до 13 години од Јужна Кореја предводени од нивниот тренер Џа Сонг Хван пред охридската публика ги демонстрираа вештините на Таеквондо.

Покрај вештините на таеквондото гостите од Јужна Кореја го преставија и фолклорот на земјата.

– Им благодарам на охриѓани кои одвоија време да дојдат и да ги проследат нашите вештини. Таеквондото е национален спорт во земјата, а и нашиот фолклор е составен со делови од таеквондото. Тој спорт ни е примарна цел секогаш, па потоа следат каратето, фудбалот и другите спортови – истакна тренерот на гостите од Јужна Кореја Џа Сонг Хван.


– Охриѓани имаа ретка можност да уживаат во таеквондо вештините. Направивме големи напори да ги донесеме во Охрид и се надевам дека гледачите уживаа. Ние како клуб го негуваме таеквондото кое се практикува во Северна Кореја –
рече Сашо Попоски тренер на Мастер клубот од Охрид.

Тренерот на HWA RANG ITF, Марјан Лазаревски потенцираше дека ваквите демонстративни тренинзи се добри да се популаризира таеквондото во Охрид и Македонија.

Мх.П.