Светот се подготвува за судниот ден, кој според пророштвата ќе се се случи токму денеска. 21-ви декември е темата за која што во изминатиов период, на големо се дебатираше меѓу светските истражувачи и експерти. „Крајот на светот“ е планетарна тема, а луѓето одат во крајности. Додека едни се подготвуваат и прават засолништа и залихи, други преку  иронична уметност, создадоа слики кои долго нема да ја тргнат насмевката од нашите лица.

„Крајот на светот“ веќе е дочекан во далечниот Нов Зеланд, каде луѓето покрај премиерата на „Хобитот“ и не размислуваат многу околу претскажувањата на Маите. Всушност се работи за крајот на одбројувањето на големиот календар од мистичната цивилизација, кога линијата на Сончевиот систем ќе се изедначи со линијата на Млечниот пат. Постојат голем број толкувања за знаците кои сведочат за старата цивилизација, но никој со сигурност не може да каже што всушност претставува 21-ви декември. Крајот на мајскиот календар е почетокот на 13-тиот Бактун циклус, кој според Маите ќе создаде нова ера и нов свет. Тибетските монаси повикувајќи се на записите од календарот, тврдат дека претстои разорна апокалипса во која планетите ќе бидат во нулта позиција. Но овие претскажувања, наидоа на потсмев од луѓето ширум светот.

Исто така, охриѓани се доста креативни кога сме кај овој судбоносен ден. Голем број забави, свирки, концерти и фестивали се поврзани на најразлични начини со „крајот на светот“.  Фестивалот што денеска ќе се одржи во Скопје, на кој ќе настапи охридскиот состав „Хардфејсд“, го носи името „последниот ден на земјата“. Хип хоп артистите Мече и Маца од составот Bad Contract, во чест на овој ден ќе имаат свој настап во Битола, под мотото „КрајО на светО“.

Најмладите со многу метамофори се обидуваат да ни го доловат значењето на овој ден. „Поради временските услови, крајот на светот е одложен за понатака. И тој сигурно ќе ги изненади оние од Македонија пат. “ – вели еден наш сограѓанин.

Постарата популација, тврди дека крајот одамна дошол на овие наши простори. Според нив, немаштијата и слабиот стандард го разорува целокупното општество, кое според нив, е исполитизирано во сите сфери на животот. „Да, да, крајот на светотот во земјава е дојден од пред многу години. Нема пензии, нема плати, студентите немаат работа, луѓето бегаат од земјава…Не знаеме како ќе преживееме оваа зима. Струјата е скапа, дрвата доцнеа со месеци, а некои таму викаат дека ќе не удрел некој метеор. Зарем овој „кучешки“ живот не е  најголемата апокалипска што и се случи на Македонија?“  – вели пензионер од градот.

21.12. за охриѓани, во суштина ќе претставува само нов ден, во кој граѓаните ќе се надеваат на подобро утре. „Ако Маите го предвидоа „крајот на светот“ на 21-ви, граѓаните веќе оддамна ја живеат апокалипсата.“

Инаку, крајот на светот во Мексико, т.е. кај „домаќините“ на територијата на древните Маи, ќе пристигне точно на полноќ, а на Балканот се очекува да пристигне во седум часот по локално време, па има голема веројатност многумина да го преспијат „крајот на светот“

O.T.