Збогатената понуда на охридските туристички агенции, го зголеми интересот на граѓаните за тоа каде ќе ги поминат првомајските, односно велигденските празници. Со оглед на тоа што двата празници се паѓаат во релативно краток временски период, повеќето охриѓани веќе се одлучиле да ги спојат овие денови во еднонеделен одмор.
Како што истакнуваат од Туристичката Агенција „Елида Турс“, побарувачката за велигденските аранжани е зголемена.
„Доста атрактивни понуди се соседните држави, како на пример Грција. Аранжманите се со поаѓање од Охрид, а огромен интерес има за велигденските празници и обичаи кои што се прават на островот Крв. Исто така, одлични се понудите за Италија како Рим, Венеција и Верона, а имаме доста клиенти кои ќе направат мини одмор во прекрасните ресорти во Бугарија како Пирин Голф, Холидејс, Катаринос и други.“ – велат од Туристичката Агенција „Елида Турс“.
Охриѓани ги мачи слабата економска моќ, кога патувањата се во прашање, но не ја исклучуваат можноста во последен момент да се одлучат за некоја од интересните понуди. Помладите уште отсега ги скроиле плановите, а велат дека ги разгледале понудите на туристички агенции во градот.
„Овие празници претежно ги поминуваме во домашен амбиент. Но оваа година тие паѓаат многу блиску, па така можеме да ги споеме и да направиме некоја мини турнеа. Секако, главна улога игра семејниот буџет и економската состојба. Затоа ќе чекаме до последен момент, да видиме дали ќе се поклопат одредени параметри.“ – велат членови на едно охридско семејство.
Дел од аранжманите вклучуваат автобуски превоз за поблиските дестинации, додека за оние подалечните како Милано, Дубаи и Амстердам, аранжманите опфаќаат авионски линии. За оваа година, од Туристичката Агенција „Елида Турс“ велат дека имаат понуда за ексклузивната туристичка дестинација Кападокија, како граѓаните би имале можност да посетат едно светско чудо.
Кога станува збро за странските туристи кои би требало да пристигнат на охридската ривиера, интересот стагнира, но радува фактот дека во изминатиот врменски период интерес пројавиле мали турстички групи од далечната Кина.
„Што се однесува до странските туристи во Охрид, лично се надевам дека ќе ги има и оваа година. Меѓутоа од наш аспект нема некој голем интерес, а можеби е рано да се зборува за тоа. Како и да е, Србите се стандардни на нашара ривиера, но нивниот број е драстично намален за разлика од минатите години.“ – велат од Туристичката Агенција „Елида Турс“.
Традиционално, првомајските празници, кои годинава се речиси споени со велигденските, претставуваат репер за претстојната туристичка сезона.
О.Т.