Преку стотина натпреварувачи од 18 атлетски клубови учествуваа на државното поединечното сениорско првенство кое викендов се одржа во Скопје. Најмногу медаљи освоија натпреварувачите од Перпетуумобиле ( 8 први, 4 втори, 6 трети ), додека охриѓани се закитија 12 медаљи и тоа 6 први, 3 втори и 2 трети .


Првопласирани за АК Охрид завршија:
Баже Љушев во скок во далечина (6.23 м) и на 110 метри со пречки (17,54 с)
Спасе Петковски фрлање копје (44.98 м) и фрлање диск
Јулијана Вељаноска во фрлање диск (34.53 м)
Росана Арсова 100 метри пречки (18.07 с)

Второпласирани завршија :
Јулијана Вељаноска во фрлање ѓуле (9.65 м)
Гоце Диковски фрлање диск (37.15 м)
Маргарита Арсовска фрлање копје (32.39)

Додека трети на подиумот се искачија :
Јован Мечкароски на трката 100 м (11.7)
Јулијана Вељаноска фрлање копје (28. 84)

Атлетичаката Дрита Ислами  ( 1996 год ) член на АК Лириа со Државен рекорд за Пионерки во дисциплината Скок во далечина со резултат од 5.42. см. Стариот рекорд изнесуваше 5.39 на Марина Јоноска од Охрид.

Ohridnews