Охриѓани запрени од Струга во првата рунда од Купот
10.03.13 19:40
Во фантастична атмосфера охридските ракометари, во салата „Билјанини извори“, претрпеа пораз од Струга 24-19 (11-9) и натпреварите во националниот куп на Македонија ги завршија во првата фаза.
Гостите имаа контрола над резултатот во текот на целиот меч. На одмор заминаа со плус два (11-9), предност која во вториот дел не само што успеаја да ја задржат туку и ја зголемија, со што обезбедија пласман во наредната фаза.
Струшките ракометари беа поприсебни и попрецизни во нападот, наспроти охриѓани кои на стартот од двете полувремиња долго време го бараа патот до противничката мрежа.
Бедемот пред охридскиот гол функционираше беспрекорно, но многуте технички грешки и четирите нереализирани удари од седум метри ги чинеше “гладијаторите“ елиминација во првата рунда од купот на Македонија.
За актуелниот лидер во Првата лига, Струга, ова беше прв триумф во меѓусебните пресметки на охридската страна од крајбрежјето.
Најпрецизен во победничкиот состав беше Валентин Белески со осум погодоци, Угреновиќ постигна шест, а голманот на стружани Костески собра 12 успешни интервенции.
Во таборот на охриѓани Томоски постигна пет голови, Андоновски четири. Еден од најдобрите поединци во дербито Тасевски прецизен беше три пати исто колку и Николовски. Два пати мрежата на стружани ја затресе Митрески, а по еднаш во листата на стрелци се запишаа Поп Стефанија и Трифуноски.
Со четири натпревари вечерва продолжуваат возбудувањата на 28 издание на традиционалниот турнир во мал фудбал „Богородица куп 2026“ во Волино За разлика од претходните натпреварувачки денови, недел...
ГРК Охрид со пехар го заокружи настапот на 54 Меѓународен ракометен турнир во Струга Охриѓани во финалето го совладаа Вардар 1961 и го одбранија трофејот освоен минатата година По завршувањето на ф...
Ракометарите на Охрид се победници на 54 издание на Меѓународниот турнир во Струга Во финалето што се одигра вечерва на ракометното игралиште „Горан Попоски – Бабец“, Охрид славеше во драмати...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.