После извонрендниот февруарски концерт во Кастро заедно соe Smut и Last Hope, од охридската музичка група Hardfaced стигнуваат нови вести поврзани со нивната работа.

Имено на 17 Мај 2008, Hardfaced организираат уште една незаборавна свирка за македонската публика, на која покрај нив ќе настапат гостите од Белград – This Is How We Feel (http://www.myspace.com/thisishowwefeelbg) и Neverlost http://www.myspace.com/neverlostbelgradestreetoldtothenewhardcore).

Оваа свирка на Hardfaced ќе биде последен нивни настап пред влегувањето во студио во jуни, кога започнуваат со снимањето на вториот студиски албум “Show Them What They Fear“. Албумот ќе се снима во Krecho Sound студиото во Охрид и содржи 9 песни, а на пазарот ке излезе во почетокот на 2009 година. Паралелно со снимањето на албумот, Hardfaced ги очекува мини турнеја со неколку концерти во Бугарија, Србија и Босна која ќе биде реализирана во текот на месец јуни, како и настап на некои од летните фестивали во Македонија и традиционалното одржување на фестивалот во клубот Арена во Охрид во јули.

ohridnews