Охриѓаните Меритон Мерко и Антонио Каланоски ќе го носат “црвено-жолтиот“ дрес на престојните тест средби на соодветните репрезентаци.

Напаѓачот на охиридскиот тим, Антонио Каланоски ќе го предводи нападот на репрезентацијата под 19 години на двомечот против репрезентацијата на Унгарија. Натпреварите  ќе се играат во Струмица.  Првиот е на програмата во вторник, додека вториот ќе биде одигран во четврток.


Меритон Мерко ќе биде дел од македонската фудбалска репрезентација до 17г. која од 14-ти март ќе учествува на Развојниот турнир на УЕФА  што ќе се одржи во тренинг центарот на ФСС (Стара Пазова) заедно со селекциите на Србија, Бугарија и Албанија.

М.П.