Авторката, која е дел од учесниците на Меѓународниот семинар за Македонски јазик вели дека, изданието кое е испечатено на 500 страници ќе придонесе многу за изучување на Македонскиот јазик во странство.
-Многу малку македонски граматики воопшто се печатени надвор од Македонија. Првата беше во 1951 година, додека пак втората ваква граматика беше дел од општо-словенска граматика. Новообјавената граматика која е обемна по својата содржина ќе користи во сите странски земји каде што се учи македонскиот јазик. Очекувам оваа граматка да се користи и на универзитетите каде што се изучуваат словенските јазици, а мислам дека неа ќе ја користат и лингвистите за да ги споредуваат или да ги унапредуваат своите јазици, вели Мишеска Томиќ.
Таа појаснуав дека во граматиката се зборува за посебностите на Македонскиот јазик, со што се опфатени сите важни полиња.
-Најмногу се концентрирам врз именската фраза и врз реченицата, но зборувам за сите појави во јазикот и давам бројни примери. За сите нив давам значења и преводите како и граматичките улоги на секој од зборовите. Многу ми е драго што Американската издавачка куќа ,,Slavica Publishers’’ пројави интерес да го финансира печатењето на оваа граматика, појаснува Мишеска Томиќ.
Таа е задоволна што издавачите на граматиката ја консултирале за осмисување на надворешнито изглед на изданието.
-Издавачите ме прашаа што би сакала да има на кориците на граматиката, па јас тогаш им испратив делови од македонските ракотворби и тие врз основа на нивните основни бои и дезени, ја имаат осмислено илустрацијата на самата корица, нагалсува Томиќ.
Таа вели македонистите и понатака треба да се трудат околу промоцијата на Македонскиот јазик во Светот. Според Мишеска македонските медиуми треба да обрнат поголемо внимание околу употребата на литературен македонски јазик и треба се повеќе да се контролира начинот на кој се зборува или пишува за јавноста.