Четириесет и четири годишна охриѓанка е уапсена во Златибор Србија, откако крадела во храмот Свето Преображение, пренесуваат српските медиуми.

Според српската полиција, охриѓанката од црквата украла неколку предмети меѓу кои Евангелие, крст, кутија за темјан и две сатенски прекривки.

Инаку, украдените предмети полицијата ги пронашла во хотелот „Мона“, каде што престојувала охриѓанката.

OhridNews