33-годишна охриѓанка „заработи“ кривична пријава поради „фалсификување на пари“. Според информациите на МВР, пријавената на први и втори август, во Охрид, во пекара, во бутик и во трговски центар, пуштила во оптек три фалсификувани банкноти од 1000 денари со идентичен сериски број.
Со тоа, пријавената се стекнала со противправна имотна корист од 3.000 денари.
OhridNews












