Охриѓанка била нападната и ограбена вчера во Скопје.
Инцидентот се случил околу 16.20 часот на ул.„Стив Наумов“ кога непознат сторител и пришол на охриѓанката и на дрзок начин со рака и го скинал златното синџирче со приврзок и побегнал. Напаѓачот се стекнал со противправна имотна корист од 36.000 денари.
Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот.