
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле двете сопатнички на возраст од 20 и 24 години, едната од Битола, а другата од Охрид. Битолчанката била задржана во Клиничка болница Битола на понатамошно лекување, додека охриѓанката со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Општа болница Охрид каде била задржана на понатамошно лекување, информира МВР.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Битола.











