На јавниот конкурс за избор на идејно решение за изградба на плоштад во општина Радовиш, конкурираше и младата архитектка од Охрид Ана Кафтаноска.


Ана е студентка на Архитектонскиот факултет во Скопје, а нејзиното идејно решение влезе во најтесниот круг за избор.


Гласањето за избор на најдобро идејно решение за плоштадот во Радовиш може да го следите на следниот линк. Шифрата под која конкурира охриѓанката Ана е 5390.

OhridNews