СВР Охрид поднесе кривична пријава против 32-годишна охриѓанка за сторено кривично дело „изнуда“.

На 16-ти декември 2014 година, околу 20 часот, од нејзиниот мобилен телефон се јавила и разговарала машко лице, за враќање на долг, што неговиот син и го должел. Истиот ден, околу 18 и 22 часот, во два наврати на мобилниот телефон на ова лице му се јавило и непознато машко лице, кое му се заканувало по животот на неговиот син, доколку не го врати наводниот долг од 700 евра.

OhridNews