На состанокот одржан на 3- ти јуни, освен Аиноска номинирани беа: Благојче Наумовски; Филип Јовановски и Илија Прокопиев.
Станува збор за награда која се доделува од 2002 година и ја добива уметник од земјава до 35 годишна возраст. Ја доделува Центарот за современи уметности, во соработка со Фондацијата за граѓанско општество од Њујорк, град во чија Меѓународна куќа добитникот ќе престојува со шест неделна стипендија. Наградата овозможува престој во Њујорк и прикажување на креативноста на уметникот.
Номинираните уметници од страна на реномирани критичари на уметноста од Македонија, на 13- ти јули ќе имаат заедничка изложба во Музејот на град Скопје , кога и ќе биде прогласен победникот.
Аиноска дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје- на отсекот сликарство во класата на проф. Симон Шемов. Во 2010 г. ги завршува магистерските студии по графика во класата на проф. Мирко Вујисиќ. Од 2008 е член на ДЛУМ. Еден е од основачите на Зздружението за културен проток “Артерија”.