НОВИТЕ ФАЦИ НА МТВ АДРИА СЕ…

…Маша Павоковиќ и Ана Шутиноска што ќе ги водат емисиите Адриа Топ 20 (Adria Top 20), односно Д‘Рок Чарт (The Rock Chart).

После месец и пол време пријавување во летото минатата година, повеќе од илјада пријавени луѓе од целиот регион, четири аудиции минатата есен, десет, односно девет кандидати што можевте да ги следите во емисијата Фејс Оф (Face Off), после бројни раговори и тестирања на МТВ Адриа конечно одбравме две нови фаци – Маша Павоковиќ од Словенија и Ана Шутиноска од Македонија.

Зошто стручната жири-комисија на МТВ Адриа во состав на Марко Бенда (директор), Жига Гомбач (водител на програма и продукција), Јани Черне (продуцент), Томаж Поредош (раководител на маркетинг), Ханс Хоумарк (раководител на продажба) и Матиц Слапшак (раководител на ПР) ги одбра токму овие две девојки?

Маша остави многу добар впечаток веќе на самата аудиција. Таа одлично се снајде и при неочекуваните прашања, има одличен преглед врз настаните на регионалната и светската музичка сцена, има многу радиски и телевизиски искуства кадешто се испробала и како водителка и како истражувачка новинарка и има доволно позитивна енергија за работа на МТВ Адриа. Инаку е студентка на компаративна книжевност и литерарна теорија, активна е и во театарот, многу сака да посетува концерти и фестивали и во слободно време таа се занимава со адреналински спортови. Не се оптеретува со некои граници, стереотипови и светот го гледа како една многу отворена целина, во која за секого може да се најдат бројни интересни работи. Како таква таа е најсоодветна за водење на нашата најомилена плејлиста Адриа Топ 20 (Adria Top 20).

Ана е од Охрид и дојде на аудиција во Белград. Таа само го потврди тоа што го најави веќе со пријавата – таа е онаа вистинската! Инаку, нашата екипа добро ја знае Ана, бидејќи ние се среќававме на бројните настани во регионот и во странство, бидејќи таа зад себе има неколку години активна работа на телевизија и на најпопуларното македонско радио. Таа многу сака да (се) запознава со нови луѓе и да ги истражува непознатите земји, а нејзина голема желба е да живее во Италија. Музичките настани се дел од нејзиното секојдневие и ден без музика за Ана е како ден без кафе. Енергична, динамична, зборлеста и многу симпатична. И бидејќи таа е вљубена во рок-музиката, водењето на нашата плејлиста Д‘Рок Чарт (The Rock Chart) е како пишано за неа.

Значи, водителскиот состав на МТВ Адриа од 5 април 2008 година е ваков: Иван со добра доза на пробивен хумор ќе ве одушевува во емисијата „News Weekend Edition” (секој петок во 17.30 часот), Мартина емисијата „Blok” ја замени за емисијата „Pure Adria Chart” (секој четврток во 18.00 часот), Галеб ќе биде маѓионичар во емисијата „Blok Chart” (секоја среда во 18.00 часот) и… Маша е новата фаца на емисијата „Аdria Top 20” (секоја сабота во 18.00 часот), а Ана ќе ја води емисијата „The Rock Chart” (секоја понеделник во 18.00 часот).

Ohridnews.com