На Државниот натпревар по физика кој се оддржа во Прилеп, охридската средношколка Теодора Бујароска меѓу првонаградените.
Бујароска, која е ученичка во прва година во ОСУ „Св. Климент Охридски“ , се натпреваруваше во категоријата физика за прва година и беше второ пласирана , односно го освои сребрениот медал.
Бујароска учествуваше на натпреварот под менторство на професорката по физика Марија Силјаноска.











