Охриѓанката Дијана Најдевска, ученичка во прва година во Економското училиште ќе биде дел од „YES“ програмата за меѓународно образование.
Како што вели Најдевска, за програмата „YES“ се пријавила сама, а препораки добила од нејзината професорка по англиски јазик Ана Топенчарова.
„Сама се пријавив за оваа програма. Претходно уште во 8-мо одделние ги исполнив условите за престој во САД, но поради возраста не можев да се пријавам.“ – вели Најдевска.
Инаку, Најдевска како дел од оваа програма, втората година од средното образование ќе ја заврши во New Mexico, USA.
OhridNews