Преку народна носија од охридскиот крај, нашата сограѓанка Климентина Наумоска ќе ја претстави земјава на интернационалниот избор за Мис туризам. Големото финале, чија цел е промоција на овој сектор, ќе се одржи за време на новогодишната ноќ во далечната Малезија.
Суверините од нашето поднебје, кои Климентина ќе ги понесе со себе, претставуваат главен адут за прикажување на богатото културно наследство од Охрид и регионот. Овие подароци ќе завршат во рацете на децата без родители, која е и примарната цел на овој избор.
Освен подготовките за големото финале, на нашата убавица и претстојат низа снимања и активности кои се дел од минифестацијата. Завршната вечер на овој интернационален избор за убавина ќе се одржи во хотелот Гранд Баллром, во далечната Малезија. Инаку, Климентина студира на Правниот факултет, а моментално е членка на агенцијата Пантер моделс.
OhridNews