Преку народна носија од охридскиот крај и тоалета од колекцијата на креаторката Емили Пишева, нашата сограѓанка Климентина Наумоска ја освои титулата „Miss georgeus beverly willshiree“на интернационалниот избор за Мис туризам.
Со освоени 1500 гласа по пат на интернет, Наумоска се закити со признанието во конкуренција на уште 65 девојки од целиот свет. Наскоро Климентина заминува за Индија, каде има неколку месечен ангажман во една модна агенција во Мумбај.
Инаку, настанот се одржа во хотелот Гранд Баллром, во далечната Малезија. Климентина моментално студира на Правниот факултет и е членка на агенцијата Пантер моделс.
OhridNews