Македонската репрезентативка Симона Крстаноска својата професионална кариера ќе продолжи во Женскиот фудбалски клуб Спартак од Суботица.


Новиот клуб на охриѓанката е еден од најдобрите и најорганизирани клубови на Балкано, а амбициите на клубот се прикладни со амбициите на Крстаноска која ги има минато сите младинските категории во репрезентацијата.

Минатата сезона Крстаноска се избори со најтешката спортска повреда на коленото, а враќањето на терените го круниса со потпис за клуб со големи амбиции.

На Крстаноска многу среќа и посака и ЖФК Истатов од каде трансферираше во Србија.

OhridNews