Охриќанката Тања Стојановска, која студира на Универзитетот Бафало, држава Њујорк, е прогласена за руки на годината во нејзината конференција (Mid American Conference). Воедно, избрана е во најдобриот тим на конференцијата. 

Викендов, нејзиниот Универзитет е на завршниот плејоф турнир, на кој учествуваат најдобрите Универзитети од МАК конференцијата.

Тања Стојановска е студентка на Медицинскиот факултет и стипендист на Универзитетот во Бафало, најголем државен универзитет во државата Њујорк. Иако е студентка во прва година тааа за кратко време се избори да игра на првата позиција за својот Универзитет, и постигна забележителни резултати на тениските турнири и мечеви во Конференцијата. 

OhridNews