Американскиот мировен корпус во соработка со ЕЛТАМ ( Асоцијација на професори по англиски јазик од Македонија) и годинава организира натпревар за избор на најдобар есеј на англиски јазик. Овогодинешната тема за есејот беше „Зошто е важно да се знае странски јазик“.

Во категоријата за прва и втора година во југозападниот регион  првото место го освои охриѓанката Теодора Алексијоска од I 5 клас во ОСУ „Св. Климент Охридски“под менторство на професорката по англиски јазик Даниела Спироска. Со тоа Теодора се вброи во шесте најдобриво државава,а исто така доби можност да учествува во изборот за најдобар есеј на државно ниво.

– Ова е уште еден доказ дека нашето училиште, ОСУ „Св.Климент Охридски“ е извор  на  млади талентирани ученици, велат од охридската гимназија.

OhridNews