Охридските Колибри претпреа пораз со 74-49 на гостувањето во Кавадарци кај Трокал на последното коло од есенскиот дел од шампионатот. По овај пораз охриѓанки како четвртопласирани на табелата ќе ја пречекаат зимата.


Струга на домашен терен го порази Студент со 62-51. Стружанки првиот дел од првенството го завршија на шестото место со биланс 4 победи и 5 порази.

Наредното коло од шампионатот се игра на 12 февруари наредната година.

Табела : Вигор Скопје (8-1), Клубски (6-3), Бадел (5-3), Колибри (5-4), Младинец (5-3), Струга (4-5), Трокал (4-4), Пантери (4-4), Студент (1-8), Вод Лисици (1-8)