Младинските екипи на ЖФК Билјанини Извори забележа четири победи од исто толку натпревари на развојниот турнир под капата на ФИФА кој се одржа во Македонски Брод.
Со убедливи победи од 5-0 генерацијата 2001/2002 славеше над Порече од Македонски Брод односно АСС Јунајтед од Струга, додека генерацијата 2003/2004 со 2-1 славеше над Порече и 7-0 над Младост од Демир Хисар.
– Овие резултати на турнирот се плод на една сериозна и напорна работа во претходните шест месеци. Продолжуваме со исто темпо кон остварувањена на целта најдобри во Македонија. – изјави тренерот Николоски.
Генерацијата 2001/2002 : Порече М. Брод – Билјанини Извори 0-5 (Рубаноска(2), Ајка(2) и Положани).
Билјанини Извори – АСС Јунајтед Струга 5-0 (Рубаноска (4) и Положани).
Генерација 2003/2004 : Порече М. Брод – Билјанини Извори 1-2 (Николоска(2))
Билјанини Извори – Младост Демир Хисар 7-0 : (Николоска (3),Мојсоска(2), и Матеска(2)).
Ohridnews












