Охридскиот женски фудбалски клуб “Билјанини Извори“ попладнево на Градскиот стадион ќе ја пречека екипата на Наше Такси во првиот полуфинален натпревар од националниот куп. Лидерот во првенството е доволен предизвик за охриѓанки да се прикажат во добро светло.

– Играме со лидерот во лигата, но без разлика кој е нашиот противник ние одиме на победа. Ќе дадеме се од себе за да играме во финалето -вели капитенот на екипата Марија Савеска.


Упорноста и желбата се најголемите двигатели на женскиот клуб. Тој спој сите во клубот очекуваат да ги даде посакуваните резултати.

– Во последните неколку дена доста работевме на тактичи и психофизички план. Сакаме да се надигруваме и  нормално да обезбедиме поволен резултат – истакна младинската репрезентативка Милка Голубовиќ


Купот е шанса за докажување на квалитетот, а охриѓани посакуваат не само да се покажат како добри домаќини туку и со поволен резултат да патуваат во Скопје на реваншот.

– Очекуваме да ја искористиме предноста наречена домашен терен,  јас лично сметам дека е предност во еден ваков дво меч првиот натпревар да се игра на домашен терен  – потеницраше играчот за врска Кристина Наумоска.

– Се фокусиравме на стабилизирање на екипата и одвоивме поголем акцент на физичката подготовка која во почетокот на пролетниот период вложи со резултат, а овај пласман во полуфинаелето е голем  успех за нас. Добивме тежок противник но нема лесно да се предадеме, изјави Благоја Ристески тренер на екипата на Билјанини Извори.

Во второто полуфинале од националниот куп ќе се сретнат екипите на Борец и Победа. Натпреварот започнува во 16 часот.

М.П.