Женскиот центар „Бисера“, во соработка со Занаетчиската комора и со поддршка на охридските пекари, денес во х. Дипломат ја организира традиционалната новогодишна хуманитарна забава.

И оваа година охридските пекари ќе донираат свои производи, а средствата собрани од нивната продажба ќе бидат донирани за купување пакетчиња за болните дечиња кои се лекуваат во охридските болници, како и за помош на старите лица во Геријатрија.

OhridNews