Висока и убедлива победа со 5-0 за лидерот во шампионатот Наше Такси во првиот натпревар од полуфиналнатата пресметка со охридскиот Билјанини Извори одигран на Градскиот стадион на “СРЦ Атина Бојаџи“.


Гостите не им дадоа многу прилики на охриѓанки да се разиграат, со головите на Рочи, Иваноска и Спироска поведоа во првиот дел со 3-0.


Два пати се затресе мрежата на Пуцоска во вториот дел , а погодоците беа дело на Станковска и Рочи.


Реваншот кој ќе биде само формалност се игра на 27 овај месец.

М.П.