Охридскиот женски фудбалски клуб во иднина ќе го носи името  ЖФК “Билјанини Извори“ ќе биде под капата на локалната самоуправа и ОФС Охрид. Во клубот тренерската дејност ќе ја извршуваат двајцата основачи Никола  Павлески и Благоја Ристески, додека за претседател е назначен Јовче Попоски.


Главна цел ќе биде омасовување, оживување и унапредување на женскиот фудбал во Охрид. Потребно е тој да излезе од анонимноста, а очекуваме со нашата работа првенство да се подобрат условите а со тоа и да дојдат резултатите – вели Никола Павлески.

Охриѓанки нема да имаат застој во тренинзите во зимската пауза и ќе продолжат да тренираат во спортската сала “Билјанини Извори“. – Задоволни сме од нивната желба и ангажирање да напреднат во своите кариери. Овие моменти не “туркаат“ уште повеќе ангажирано да влеземе во овај проект – вели Благоја Ристески.

Ристески и Павлески, кои се долгогодишни спортски работници кои имаат меѓународно искуство, а тренерскиот занает го печеле во Швајцарија и Германија, најавуваат и неколку засилувања на екипата, со што таа ќе биде поконкурентна во продлжението на првенството.

М.П.