Викендов во  Сандански, Р.Бугарија охридскиот стрелачки клуб имаше забележителен настап на меѓународниот турнир во гаѓање со воздушна пушка-меѓународна програма на кој учество зедоа повеќе клубови од Бугарија и Македонија.


Голем успех постигнаа младите Нина Балабан и Верица Гоџоска. Во поединечна конкуренција тие се пласираа на првото и третото место со резултати од 386 и 383 кругови, резултати кои се и нивни лични рекорди. Меѓу нив застана Петја Станкова од СК „Санел“ од Сандански со резултат од 385 кругови.


Во екипна конкуренција заедно со Ирена Попоска тие истотака го освоија првото место со резултат од 1124 кругови.


И покрај тоа што веќе 5 месеци не се има одржано ниту еден  Куп на Македонија ниту пак имаше можност да се оди на некој од светските купови во Лондон, Милано  и Минхен, стрелчкиот клуб „Охрид“ со помош на Општина Охрид, на своите стрелци успеа да им овозможи настап на меѓународен натпревар, кој и тоа како им беше потребен како не би се прекинал континуитетот во  подобрувањето  на нивната спортска форма и постигнување на врвни спортски резултати – велат од охридскиот клуб.


Успехот е дотолку поголем бидејќи за првпат охридските јуниорки успеваат да победат бугарски репрезентативки, кои се носителки на медаљи од светски купови и европски првенства.

OhridnNews