
За среќа застанале две возила со штипски регистарски таблички, кои ситуацијата успеале да ја стават под контрола. Двете жени во паниката ниту ги прашале како се викаат, ниту пак успеале да им се заблагодарат. Единствен начин за поврзување со нивните јунаци им била телевизијата.
Тие во телефонскиот разговор за Ирис раскажуваат дека момчињата не само што успеале да го изгаснат пожарот, туку влегле и во запаленото возило за да извадат дел од работите кои ги имале во него.
Доколку храбрите момчиња се препознаат во приказната, ги замолуваме да се обратат во редакцијата на Ирис за да можеме да ги поврземе со благодарните охриѓанки.
извор: „Ирис“











