Женскиот фудбалски клуб “Билјанини Извори“ со победа стартуваше во натпреварите од пролетниот дел од шампионатот. Охриѓанки на гостувањето во Битола беа подобри од Топ Гoл со 2-0.


Мрежата на домаќините по еднаш во двете полувремиња ја затресоа Симона Крстаноска, односно Александра Алексиеска.

Во наредното коло на домашен терен “Билјанини Извори“ ќе игра против “Црешово Топче“.

Ohridnews