Традицијата за Водици е силна. Овој голем православен празник освен во земјава, достојно се одбележува секаде каде што има наши луѓе. Така беше оваа година и во Копер, Словенија, каде нашинците Водици ги одбележаа во Јадранското море.
По повод празникот се одржа богослужбо на која чиноначалствуваше владиката Пимен кој го изврши големиот водосвет.
Во чест на осветувањето на водите, верниците се искапија во студените морски води, а чесниот крст го фати Климчо Групчевски, охриѓанец по потекло, кој живее во Порденоне – Италија.
Охриѓанец го фати крстот во Словенија!
Честитки Климчо!
Г.М.




















