Ноќеска во 03:55 часот, на булеварот „Железничка“ во Охрид, полицијата лишила од слобода 33-годишен жител на охридското село Лескоец.

Тој управувајќи го своето патничко возило „ауди“ со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола и предизвикал сообраќајна незгода. По извршено алкотестирање, полициските службеници кај него констатирале 1,79 промили алкохол во крвта како и дека возилото го управувал иако имал активна прекршочна санкција забрана за управување на моторно возило од „Б“ категорија. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик „безобѕирно управување моторно возило“, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Во друг случај, пак, вчера, во 17:46 часот, по сообраќајна незгода што се случила во близина на струшко Ново село, полициски службеници од ОВР Струга, од слобода лишиле 72-годишен жител на село Требеништа, општина Дебрца.

По извршено алкотестирање, кај него биле констатирани 1,79 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик „безобѕирно управување моторно возило“, соопшти Димоски.

Ноќеска, пак, во 00:50 часот, на улицата „Владо Малески“ во Струга, лишен од слобода бил 41-годишен жител на Вевчани, исто така поради управување возило под дејство на лкаохол.

При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ што тој го управувал и при извршено алкотестирање, кај него констатирале 2,37 промили алкохол во крвта. Тој веднаш е исклучен од сообраќај и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик „безобѕирно управување моторно возило“, соопшти

Вчера во 12:30 часот, од слобода бил лишен и 25-годишен жител на Охрид, по претходни пријави за насилно однесување и закани кон членови на неговото семејство.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти Димоски.

Ноќеска  во 01:30 часот, на улицата „ЈНА“ во Струга, приведен бил 42-годишен скопјанец. Тој претходно, со карање, викање и непристојно однесување, го нарушил јавниот ред и мир. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во полицискиот билтен.

OhridNews