На 18.12.2025 во 19:04 часот на ул.„Корчуланска“ во Ресен, полициски службеници од ОВР Ресен лишија од слобода 34-годишно лице од с.Велестово, охридско.
При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „опел“ со охридски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,76 промили алкохол во крвта, по што веднаш е исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица, информираат од МВР.
По целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
OhridNews













