Инцидентот според СВР Охрид, се случил ноќеска, а повредениот охриѓанец во 02.40 часот бил донесен во Општата болница во Охрид.
Според пријавеното, тој бил повреден при физички напад со остар предмет во угостителски објект во Охрид. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. – информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски.
Вчера попладнето во 18.35 часот, во СВР Охрид било пријавено дека настанал пожар на трска во крајбрежниот езерски појас во близина на охридското село Подмољје. Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица Охрид.
На 04.04.2023 во периодот од 12 до 18 часот, на подрачјето на СВР Охрид спроведени се засилени сообраќајни контроли. Притоа, полициските службеници затекнале и санкционирале 89 возачи кои управувале моторни возила со брзина поголема од дозволената (Охрид-17, Струга-55, Кичево-13, Дебар-04.)
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 38годижен жител на Прилеп поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“. Тој, по објава од еден портал на социјалната мрежа Фејсбук, напишал коментар со што промовирал и поттикнувал омраза и насилство.
Г.М.