СВР Охрид поднесе кривична пријава против 50-годишен охриѓанец поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување дете кое не наполнило 15 години“.
Тој, во текот на 2024 година во повеќе наврати сексуално злоупотребувал малолетничка од Охрид, која во март 2025 година се породила, информира МВР.
На пријавениот одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена
OhridNews