Младиот охриѓанец Дамјан Николоски со својата иновативна идеја FixIt MK е избран меѓу Топ 53 најдобри во Македонија на националниот натпревар „Средношколец милионер“, кој го организираат Brainster Next Collegeи NU академиите за талентирани средношколци, во која главна награда се 1.000.000 денари.

„FixIt MK“ – идејата на Дамјан има за цел да решава реални проблеми и истата е практична, современа и создадена да го направи секојдневниот живот поедноставен. Идејата може да се погледне и да се гласа за неа се до 16 ноември на линкот.

„FixIt MK“ е замислена како дигитална платформа која им помага на граѓаните полесно да најдат мајстор, сервис или техничка поддршка кога нешто ќе се расипе во домот.
OhridNews











