Македонскиот саксофонист и кларинетист Христијан Ристески го објави новиот видеоспот за „High Away“, последниот сингл пред неговиот дебитантски албум „Waters Dance“, кој официјално ќе биде објавен денес, 2 октомври 2026 година.

Токму оваа идеја добива свој визуелен живот во видеоспотот на Даниел Јовески, каде низ ликот на младиот Степан Николески повторно оживуваат детските соништа и патот кон нив. Видеото го нагласува мотивот на детските соништа – оние што можеби со текот на годините ги оставаме настрана, но никогаш целосно не исчезнуваат.

Композицијата е дел од поширокиот музички концепт на „Waters Dance“, во кој Ристески го поврзува современиот џез со влијанија од македонското музичко наследство. Во „High Away“ особено се издвојуваат неправилните метри, со премини меѓу 7/8 и 7/4, како и спојот на комплексен ритмички јазик со мелодиски фрагменти инспирирани од фолклорната традиција.
По „Coming Home“ и „Summer“, „High Away“ го заокружува серијалот синглови пред објавувањето на „Waters Dance“. Албумот е снимен во ArteSuono Recording Studios во Удине, Италија, со Стефано Америо, а ќе биде објавен на 2 октомври на CD, винил и на дигиталните платформи.
OhridNews











