Охриѓанецот Мартин Ивановски се враќа во својот матичен клуб и е седмото официјално засилување на ГРК Охрид за наредната сезона! Македонскиот репрезентативец кој игра на позицијата среден бек потпиша договор со ГРК за 2026/2027 со можност за продолжување за 2027/2028. Има 25 години (182 cm) и ќе го носи дресот со број 34.

Пресреќен сум што се враќам во матичниот клуб во родниот град од кој потекнувам и каде што ги имав првите чекори. Охрид е амбициозен клуб кој од година во година оди само во нагорна линија и резултатите го покажуваат тоа и освојувањето на европскиот куп мислам дека е само почеток на оваа приказна. Се надевам дека заедно ќе успееме да го издигнеме клубот на едно уште повисоко ниво и ќе се радуваме на многу титули и успеси, изјави Ивановски.
OhridNews










