Македонскиот репрезентативец Петар Бошалески (22 години, 197 см) е најновото засилување на МЗТ Скопје во пресрет на новата сезона откако денес потпиша договор со клубот.

Талентираниот бек-шутер своите настапи во домашната Суперлига ги почна како кошаркар на Работнички, по што направи трансфер во Пелистер, а минатата сезона ја мина во дресот на Тиквеш. На 27 натпревари бележеше просек од 12,4 поени, 5,6 скока и две асистенции, со што го привлече вниманието и заслужи место во сениорската репрезентација.
Тој е третото домашно засилување на МЗТ Скопје за новата сезона.
OhridNews











