Вечерна служба се одржа во црквата Св. Богородица Каменско по повод празникот Св. Никола кон кого во Охридско постои голема почит.

Голем број охриѓани овој ден го имаат за куќна слава. Околу богатата посна трпеза се собираат семејството и пријателите во чест на Св. Никола и традицијата.

Е. Спространов за обичаите во Охрид забележал дека Св. Никола бил тој: “Шо и поиљвит морињата. Тога каде и да се најт гемиџија или пампур останвит таму макар стрет море да је ќе се заприт и ќе го држит (ќе го празнуват). Св. Никола е фенерлија, праит чудесиј“.

За многу години!

Г.М.