Инвестициските фондови нудат можности кои на инвеститорите може да им донесат квалитетна добивка на вложените средства, но граѓаните се уште не се доволно информирани и едуцирани за тоа. Ова, меѓу другото, е заклучок од едукативниот настан што се одржа синоќа во Охрид, во организација на „WVP“ фондови – австриска компанија присутна во Македонија од 2005 година и најголемо друштво во земјава кое се занимава со инвестициски фондови.

Присутните имаа можност да се запознаат со инвестициските фондови, нивното функционирање, начините на инвестирање, финансиските инструменти, модели на вложување и придобивки за физичките и правни лица. На овие теми говореше Андријана Поповска – извршен директор во „WVP“ фондови Македонија, а модератор беше Никола Мостро – оигурителен брокер и и инвестициски агент.

Охриѓани се запознаа со можностите и бенефитите од вложување во инвестициски фондови

„WVP“ во Македонија имаат 11000 клиенти и има нето имот под управување во вредност од 187,9 милиони евра. Инвестициското портфолио на компанијата содржи 132 компании меѓу кои се светски гигатни како Кока Кола, Пепси, NVIDIA, META, Микрософт, Адидас, Најк, Епл, Нестле, Унилевер, Виза… Просекот на оплодување на вложените средства во „WVP“ фондови е 8,2%.

Г.М.
Фото: А. Момироска/OhridNews

Интервју со Никола Мостро: Македонија е на дното во регионот во однос на финансиската писменост, потребна е едукација на сите генерации