Фондацијата „Доктор Лефтер Манче“ за првпат оваа година, вчера, по повод неговиот 90. роденден и основањето на Фондацијата, го додели престижното признание и парична награда за најдобар студент на Катедрата за македонски јазик при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ на Алма Шемо од Охрид и Стефан Спасовски од Скопје.

Алма Шемо и Стефан Спасовски се издвојуваат како студенти со континуирани академски успеси, активна ангажираност и придонес кон афирмацијата на македонистиката.

Алма Шемо минатата година ја доби наградата за најдобра беседа во чест на Прличев за беседата „Адет госпоари“.
OhridNews











