Атлетичарот од Јамајка, Усеин Болт го освои второто злато на Олимписките игри во Рио победувајќи на трката на 200 метри.
Болт, кратката делница ја помина за време (19.78) пред Андре де Грас (20.02) и францускиот атлетичар Кристоф Ламеитре (20.12).
За Болт ова е осмо злато од Олимписките, а деветто одличје со најсветол сјај се очекува да го освои на штафетата четири пати по 100 метри со колегите од Јамајка.
OhridNews